Дома Фудбал Англија Грешка на векот: Го одбиле Кејн бидејќи мислеле дека е премногу буцкаст!

Грешка на векот: Го одбиле Кејн бидејќи мислеле дека е премногу буцкаст!

Хари Кејн во претходните неколку години прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, па сега само прашање на време е кога ќе го напушти Тотенхен и во кој европски гигант ќе ја продолжи кариерата.

Сонот на Хари Кејн како дете бил да заигра за Арсенал и бил на само чекор неговиот сон да се исполни. Кејн тренирал со „топџиите“, но луѓето од Арсенал одлучиле дека тој не е доволно талентиран за да биде дел од нивниот клуб.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Сега во Арсенал сигурно жалаат што Кејн не е нивни играч, туку на лутиот ривал Тотенхем. Некогашниот играч на „топџиите“ и човек кој е дел од луѓетп кои го одбиле Кејн, Лиам Бреди, објасни зошто донеле таква одлука.

„Беше буцкаст, не беше атлетски тип и ние направивме огромна грешка поради тоа. Тотенхем го испраќаше на позајмица во нисколигаши, но тој беше одлучен да успее и да направи одлична кариера. Ние имавме погрешно мислење за него на основа на неговиот изглед и ја направивме најголемата грешка“, изјави Бреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лајпциг е првиот тим што испадна од Лигата на шампионите

Одлична натпревар одиграа Лајпциг и Астон Вила во рамките на шестото коло од Лигата на шам…