Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има намера да ја засили левата бековска позиција, а најголема желба е играчот на Јувентус, Алекс Сандро.
Алекс Сандро игра одлично во дресот на „старата дама“ но проблем за Јувентус е што има откупна клаузула во договорот со 30 милиони евра.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Таа сума воопшто не преставува проблем за „граѓаните“ кои се спремни притоа да му понудат и двојно поголема плата од актуеланата која ја заработува во Торино.
Гвардиола по секоја цена сака да ја засили левата бековска позиција бидејќи не е задоволен од квалитетите на Александар Коларов и тоа ќе биде приоритет во зимскиот преоден рок.
Со оглед на фактот дека е невозможно да стигне до потписот на Давид Алаба од Баерн Минхен, медиумите тврдат дека Гвардиола ќе направи се за да го донесе Алекс Сандро на „Етихад“.