Дома Трансфер зона Го сруши Манчестер Јунајтед, а сега е пред потпис со Ливерпул

Го сруши Манчестер Јунајтед, а сега е пред потпис со Ливерпул

Aлексис Мекалистер вчера со гол од пенал во 99-тата минута донесе победа на Брајтон против Манчестер Јунајтед, а денес медиумите пренесуваат дека тој е пред потпис со Ливерпул.

Мекалистер е на радарот на европските клубови подолг период, посебно откако со Аргентина го освои Светското првенство во Катар.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Ливерпул подолг период води преговори да го доведе и утрово англиските медиуми тврдат дека преговорите одат во добра насока и тој би можел да биде засилување за тимот на Клоп во текот на летото.

Се најавува дека „црвените“ сакаат да го комплетираат трансферот во мај или јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…