Дома Фудбал Го спремаа за во Барса, денес официјано ја презеде Селта!

Го спремаа за во Барса, денес официјано ја презеде Селта!

Помошникот на Луис Енрике, Хуан Карлос Унзуе ќе ја предводи Селта во новата сезона и на тренерското место ќе го наследи Едуардо Берицо, потврдија од шпанскиот фудбалски клуб.

Унзуе ќе се врати во Селта во која беше помошник на Луис Енрике во сезоната 2013/14, а потоа заедно со него се пресели во Барселона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Шпанските медиуми долго го споменуваа Унзуе како фаворит за наследник на Луис Енрике во Барселона, но каталонскиот клуб се одлучи за друг избор.

Берицо кој си заминува од Селта би требало да ја преземе екипата на Севиља, трансфер за кој се очекува официјална потврда до крајот на неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е лудо: Клуб за натпревар од францускиот куп ќе патува ресчиси 24 часа и ќе прелета 36.000 километри!

Во петок започнува седмата рунда од Францускиот фудбалски куп со учество на 128 екипи, а е…