Дома Топ вести Го нема Роналдо, нема и мотивација за Меси?

Го нема Роналдо, нема и мотивација за Меси?

Не изгледаше Реал Мадрид добро во првото полувреме, но потоа во второто постигна два гола и славеше во вчерашното „Ел Класико“.

Славеше Реал со 2:0 и така уште едно „Ел Класико“ помина без гол или асистенција од Лионел Меси. Можеби на Меси му недостасува Меси во најголемиот натпревар во Шпанија?

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, Аргентинецот не постигнал гол и не запиша асистенција во пет натпревари откако Роналдо го напушти Реал.

Овој податок добива дополнително на значење ако знаеме дека Меси погодуваше во последните натпревари пред Роналдо да замине.

Првото „Ел Класико“ без Роналдо Меси го пропушти поради повреда, а после тоа одигра пет, два во шпанскиот куп и три во Ла Лига. Изгледа дека ова е добар аргумент за сите оние кои тврдат дека Роналдо и Меси се прават еден со друг подобри играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…