Дома Трансфер зона Го напушти Реал Мадрид бесплатно, а сега прави трансфер во Атлетико вреден 35 милиони евра

Го напушти Реал Мадрид бесплатно, а сега прави трансфер во Атлетико вреден 35 милиони евра

Aтлетико Мадрид договори уште едно одлично засилување во одбраната.

Имено, Еспањол ја прифатил понудата од 30 милиони евра за Марио Хермосо, а дополнителните пет ќе бидат исплатени преку бонуси иако во неговиот договор има откупна клазула во износ од 40 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатиот месец шпанска „Марка“ објави дека преговорите се во застој, а Еспањол на почетокот не сакал да го продаде Хермосо под цената на откупната клазула, но играчот побарал да го напушти клубот и ги приморал луѓето во клубот да прифатат помала сума.

Хермосо во 2017 година пристигна во Еспањол од Реал Мадрид и тоа како слободен играч. Во минатата сезона одигра 35 натпревари и постигна три гола.

Се очекува овој 24 годишен стопер да се придружи во базата на Атлетико Мадрид во Лос Анџелес најдоцна до петок.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…