Дома Фудбал Англија Го бараа гигантите, но тој потпиша нов договор со клубот кој го внесе во Премиер лигата

Го бараа гигантите, но тој потпиша нов договор со клубот кој го внесе во Премиер лигата

Англискиот фудбалски клуб Ипсвич, новиот член на Премиер лигата, објави дека го продолжил договорот со тренерот Керан Мекена.

Мекена и Ипсвич потпишаа нова соработка до летото 2028 годиан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Успехот носи свои предизвици и имаше многу шпекулации во последните неколку недели, но јас и Киеран продолживме да комуницираме, често неколку пати на ден, за да се подготвиме за новата сезона во Премиер лигата“, изјави директорот на Ипсвич, Марк Ештон.

Во последните недели англиските медиуми пишуваа дека Мекена би можел да стане нов менаџер на Челзи, но „сините“ подоцна веројатно знаејќи ја неговата намера се насочија кон Енцо Марсека, а се споменуваше и Манчестер Јунајтед.

Мекена оваа сезона избори пласман со Ипсвич во Премиер лигата, а тимот од истокот на Англија по 22 години се врати во елитниот ранг на натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…