Дома Топ вести Готово: Челзи го договори трансферот на Кукурела

Готово: Челзи го договори трансферот на Кукурела

Челзи постигна договор со Брајтон за трансфер на левиот бек, Марк Кукурела, пренесуваат медиумите на Островот.

Кукурела беше пред трансфер во Манчестер Сити, но Челзи успеа да го „украде“ пред конкуренцијата и за неговиот потпис ќе плати 50 милиони фунти.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Овој 23-годишен дефанзивец минатото лето пристигна од Гетафе за 18 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Премиер лигата.

Кукурела утре ќе пристигне во Лондон на лекарски прегледи и ќе потпише шестгодишен договор, односно до 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегува…