Арсенал го договори трасферот на германскиот репрезентативец, Каи Хаверц, пренесуваат медиумите на Островот.
Хаверц веќе го известил Челзи дека сака да игра во Лигата на шампиони и побарал да му биде дозволен трансфер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За него интерес покажуваа неколку европски гиганти, но Арсенал ја победи конкуренцијата бидејќи беше спремен да ја плати сумата која ја бараше Челзи.
Арсенал ова лето нема да штеди пари и сака да донесе големи засилувања, а трансферот на Хаверц ќе ги чини „топџиите“ 80 милиони евра со вклучени бонуси.
Германецот веќе постигна договор со Арсенал, па се очекува трансферот да биде комплетиран следните денови.
Kai Havertz has been very clear with all parties involved in the deal: he wants to play for Arsenal after green light on contract this week 🚨⚪️🔴 #AFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 18, 2023
Personal terms agreed, new bid to be submitted soon.
Understand there’s hope to get deal done after the international break. pic.twitter.com/STTCSwnfWA