Дома Топ вести Готово: Реал Мадрид за „џабе“ си обезбеди голем талент од Манчестер Сити!

Готово: Реал Мадрид за „џабе“ си обезбеди голем талент од Манчестер Сити!

Реал Мадрид после Винисус Жуниор си обезбеди уште талентиран фудбалер – Браим Диаз од Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за фудбалер кој има 19 години и во кого Пеп Гвардиола положуваше големи надежи. Диаз заедно со Фил Фоден веројатно е најголемиот талент од младинскиот тим на „граѓаните“.

Пеп Гвардиола неколку пати изјавуваше дека во иднина сериозно смета на неговите услуги.

Сепак, Шпанецот очигледно не верувал во тие ветувања, па Реал Мадрид ја искористи приликата.

Диаз на 1-ви јануари ќе потпише преддоговор со „кралевите“, а од наредното лето ќе се пресели во Мадрид како слободен играч.

Реал така за „џабе“ ќе добие голем талент. Сити во изминатите месеци го убедуваше Шпанецот да потпише нов договор, условите кои му ги нудеа беа одлично, но на крајот немаа успех.

https://www.youtube.com/watch?v=IsaPS7WCVfQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…