Aнглискиот фудбалер Рубен Лофтус-Чик е ново засилување на Милан и трансферот наскоро треба да биде официјализиран.
Лофтус-Чик од поодамна е на радарот на „росонерите“ и пристигнува за 16 милиони евра и плус четири како бонуси. Офанзивниот фудбалер веќе постигнал договор за личните услови и ќе потпише повеќегодишен договор за останување на „Сан Сиро“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фабрицио Романо објави дека лекарските прегледи се закажани и фудбалерот во најбрз можен рок ќе потпише договор со „росонерите“.
Освен Лофтус-Чик, Милан е пред ангажман и на фудбалерот на Лацио, Лука Ромеро.
AC Milan are closing in on Ruben Loftus Cheek deal, verbal agreement in place with Chelsea on permanent move — here we go 🚨🔴⚫️ #ACMilan
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 27, 2023
Medical will be scheduled once final details are sorted between clubs. Long term contract agreed.
Fee confirmed: €16m plus €4m add ons. pic.twitter.com/124hUsfGvq