Сега е веќе јасно, Ернесто Валверде ќе биде новиот тренер на Барселона, а каталонскиот клуб ќе го потврди тоа на 29-ти мај.
Весникот „Мундо Депортиво“, кој е близок до Барселона, пренесува дека досегашниот тренер на Атлетик Билбао со Каталонците ќе потпише двегодишен договор со опција истито да биде продолжен за уште една.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Валверде изминатите четири сезони го предводеше Атлетик Билбао, а овој клуб во 2015 година го освои Суперкупот на Шпанија, откако во домечот ја порази токму Барселона.
Тренерот кој во кариерата ги трениераше уште Валенсија, Олимпијакос и Виљареал на клупата на Барселона ќе дебитира на 22 јули против Јувентус на натпреварот во Њу Џерси, а четири дена подоцна Каталонците, во Вашингтон ќе играат против вечниот ривал Реал Мадрид.