Дома Топ вести Готово: Барселона го купи и Кунде

Готово: Барселона го купи и Кунде

Барселона успеа да го победи Челзи во трката за Жил Кунде и синоќа постигна комплетен договор со Севиља за дефанзивецот.

Барселона за потписот на Французинот ќе плати 50 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси, а Кунде веќе ги договори личните услови за четиригодишна соработка.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Кунде беше многу блиску до трансфер во Челзи, Севиља најпрво ја прифати понудата на „сините“, но самиот фудбалер инсистираше да се пресели на „Камп Ноу“.

23-годишниот Французин беше голема желба на Чави, кој верува дека ќе биде идеална и долгорочна замена за Пике.

Кунде утре треба да пристигне на лекарски прегледи во Барселона и да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…