Шпанските медиуми пренесуваат дека хрватскиот интернационален Дарио Срна е на чекор од трансфер во Барселона, и тоа благодарение на техничкиот директор на Каталонците, Роберт Фернандез.
Фернандез веќе подолго време е во потрага по десен бек кој привремено, до следното лето ќе го реши проблемот на Барса на таа позиција. Со оглед на фактот што клубот во овој момент не е спремен за големи трансфери, логичен избор е Дарио Срна.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Во Барса сметаат дека Срна ќе го донесе потребното искуство на таа позиција, на која моментално принудно игра Серџи Роберто.
Договорот на Срна со Шахтјор истекува на крајот на сезоната, но Хрватот побарал од клубот да го пушти 6 месеци пред истекот. Со оглед на угледот кој го има Срна во клубот и се што направил за Шахтјор, челниците се спремни да му дозволат да замине во јануари.