Откако Хавиер Маскерано најави дека сака да ја напушти Барселона за да има поголема минутажа пред Мудијалот, клубот се одлучи да му ја исполни желбата. Поради тоа јасно беше дека на Каталонците ќе им треба нов стопер.
Самуел Умтити е повреден и нема да биде на терените два месеци, па Барселона мораше да најде замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ тврди дека Каталонците реагирале брзо и веќе го договориле трансферот на колумбискиот репрезентативец Јери Мина кој моментално настапува за Палмеирас.
Мина има 23 години, важи за еден од најталентираните дефанзивци во Јужна Америка, а Барселона го следи подолго време и веќе има договор со Палмеирас.
Прашање беше само дали трансферот ќе се реализира во јануари или следното лето, но раководството одлучи Колумбиецот веднаш да пристигне на „Камп Ноу“ поради споменатата ситуација.
Каталонците имаа договор со Палмеирас за 9 милиои евра, но тоа важеше за јуни, а во јануари трансферот ќе биде малку поскап.