Дома Трансфер зона Готово: Баерн Минхен ја продолжува праксата да купува од конкурентите во Германија!

Готово: Баерн Минхен ја продолжува праксата да купува од конкурентите во Германија!

Баерн ќе доведе големо засилување, но дури следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипата на Баерн и оваа сезона стигна до шампионската титула иако клубот од Минхен играше во нешто послаба форма од претходните сезони.

Борусија Дортмунд беше единствениот конкурент, но „милионерите“ паднаа во финишот иако имаа предност во поголемиот дел од првенството.

Една од препознатливите карактеристики на Баерн е што често пати купува од своите конкуренти како што се Борусија, Леверкузен, Хофенхајм и останатите, а таа пракса и ќе ја продолжи.

Баерн од следното лето ќе биде посилен за еден од најдобрите млади фудбалери во Бундес лигата, Каи Хаврец, фудбалерот на Леверкузен.

Јулијан Брант веќе го напушти Леверкузен и премина во Борусија и во Леверкузен сметале дека би било преголем удар за клубот ова лето останат и без Хаверц поради тоа со раководството на Баерн постигнале договор тој да се пресели во Минхен наредната сезона.

Овој трансфер го потврди поранешниот спортски директор на Леверкузен, Рајнер Калмунд.

Хаврец има само 19 години и веќе докажа дека е фудбалер кој има блескава иднина.

https://www.youtube.com/watch?v=2dY_Fhb02eM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…