Белгискиот репрезентативец Торган Азар потврди дека од лето ќе се пресели во редовите на Борусија Дортмунд.
26-годишниот Торган Азар има фантастична сезона во Борусија Мехенгладбах и за него интерес покажаа многу европски клубови, но тој реши да им се придружи на „милионерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ги договорив личните услови со Дортмунд. Веќе ништо не е до мене. Сега се зависи од клубовите“, потврди Азар.
Тој помина пет години во редовите на Мехенгладбах и на лето влегува во последната година од договорот, а Дортмунд за неговиот потпис нуди 25 милиони евра.
Останува да се договорат последните детали и наскоро се очекува официјализација на трансферот.
Азар би требало да биде замена за Џејдон Санчо, кој е на мета на неколку европски гиганти и најверојатно ова лето ќе го напушти Дортмунд.