Дома Фудбал Англија Гостите се радуваат на „Боксинг Деј“🎥

Гостите се радуваат на „Боксинг Деј“🎥

Во попладневниот термин на Боксин Деј имаше возбудливи натпревари на кои славеа гостинските екипи.

Њукасл продолжи со добрите партии и запиша висока победа на гостувањето кај Лестер со 3:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најбогатиот клуб на светот полека почна да покажува зошто неговите амбиции се самиот врв на англискиот фудбал.

Њукасл дојде во предност уште од првиот сериозен напад. Сидијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Вуд.

Потоа следуваше акција како од учебник, па Алмирон зголеми на 2:0 после одличната асистенција на Бруно Гимараеш.

Во 32-та минута Жоемилсон на асистенција на Трипие зголеми на 3:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Фулам исто така оствари висока победа од 3:0 против Кристал Палас. Домаќините останаа без двајца фудбалери поради црвени картони, па работата им беше олеснета на гостите.

Брајтон со 1:3 славеше против Саутемптон, додека Вулверхемптон во судиското продолжение стигна до победа против Евертон (1:2), иако домаќините први дојдоа до предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за Сенегал: Службено може да го загубат финалето со Мароко!

Сенегал во недела го освои Африканскиот куп на нации (со победа против домакинот Мароко (1…