Дома Топ вести Господин: Чави на заминувањето од Барселона направи господски потег!

Господин: Чави на заминувањето од Барселона направи господски потег!

Чави Ернандез денеска и официјално потпиша меѓусебен раскин на соработката со Барселона, која уште пред неколку дена го потврди неговото заминување.

Каталонските медиуми открија дека Чави одлучил да се откаже од платата во последната година од договорот, со што клубот заштедил меѓу 11 и 12 милиони евра.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Но, единствениот услов му бил остатокот од стручниот штаб да биде платен до крајот на договорот, односно до летото 2025 година, колку што е вкупната сума за сите – околу три милиони евра.

Покрај тоа, Чави одби да има проштална конференција и каква било церемонија, сакаше да си замине тивко и без преголема бура и одговарање на бројни прашања.

На последната конференција пред мечот со Севиља веќе се знаеше дека си заминува, а потоа џентлменски се прости од сите припадници на „седмата сила“, додека истото го направи и со играчите на последниот тренинг.

Чави си замина како господин, по две и пол години, а од тој ноември 2021 година ја освои Ла Лига и Суперкупот на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди н…