Дома Фудбал Останато Голманот на ПСЖ се бори за живот – паднал од коњ

Голманот на ПСЖ се бори за живот – паднал од коњ

Шпанскиот голман Серхио Рико, кој е член на ПСЖ се наоѓа во болница на интензивна нега откако утринава паднал при јавање коњ во Севиља.

Тој итно бил пренесен во болница со хеликоптер и неговата состојба е многу тешка, пренесуваат шпанските медиуми.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


ПСЖ ја потврди веста дека Рико се наоѓа во болница и е во контакт со семејството на голманот. Шпанскиот голман вчера беше резерва на натпреварот против Стразбур, а утрово заминал за Андалузија каде што ја доживеал сериозната несреќа.

За сериозноста на падот доволно говори и фактот дека медицинската екипа морала да го интубира голманот, а тој во полусвесна состојба бил пренесен во болницата. 

„Во овој момент Рико е во тешка состојба“, изјави кратко за медиумите портпарлот на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел: Немам проблеми со Белингем

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, ги отфрли шпекулациите дек…