Дома Останати Ракомет Голманот кој блесна во Вардар прогласен за најдобар на ракометното Светско клупско првенство

Голманот кој блесна во Вардар прогласен за најдобар на ракометното Светско клупско првенство

Поранешниот голман на Вардар кој со црвено-црните ја освои Лигата на шампионите, Дејан Милосвљев е прогласен за најдобар голман на ракометното клупско Светско првенство кое го носи името Суперглоуб.

Милосављев го водеше тимот на Фуксе Берлин до финалето каде што беа поразени од шампионот Магдебург по продолженија со 34:32.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Покрај Милосављев во тимот на Фуксе Берлин настапува и Михајло Марсениќ кој освен во Вардар играше и во Металург.

Фуксе Берлин во овој момент е лидер во Бундеслигата, а добрата форма на Милосављев е добра вест за селекторот на Србија Тони Жирона кој ќе ја води оваа селекција на Европското првенство во јануари. Собирот на најдобрите репрезентации во Европа е исто така во Германија.

Милосављев во Вардар ќе потсетиме дојде до српски Партизан и иако од него немаше преголеми очекувања сепак прерасна во фантастичен голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Луд резултат во македонскиот ракомет: Противник на Алкалоид даде само четири гола цел натпревар!

На еден натпревар од младинските ракометни лиги во Македонија беше забележан резултат како…