Дома Фудбал Големо достигнување на Рамос: Ова им успеало само на четворица „кралеви“

Големо достигнување на Рамос: Ова им успеало само на четворица „кралеви“

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос стигна до големо достигнување во синоќешната победа над Севиља.

Имено, Рамос стигна до 400-та победа во дресот на Реал Мадрид и тоа после одиграни 611 официјални меча (99 ремија и 112 порази).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со ова дефанзивецот влезе во одбрано друштво и моментално се наоѓа на 4-то место на сите времиња.

Играч со најмногу победи за „кралскиот“ клуб е Икер Касиљас (463 победи), па следи Раул (429) и Санчис (412).

33-годишниот Серхио Рамос ја игра својата 15-та сезона на „Сантиаго Бернабеу“ и веќе има 20 освоени трофеи со „кралскиот“ дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ендрик се враќа експресно во Реал Мадрид!?

Бразилскиот напаѓач Ендрик, кој на почетокот на јануари пристигна како позајмен играч во Л…