Дома Фудбал Италија Големи пофалби за Дибала од иконата на Јувентус: Од ден во ден е се подобар, можеби ова е негова година

Големи пофалби за Дибала од иконата на Јувентус: Од ден во ден е се подобар, можеби ова е негова година

Паоло Дибала оваа сезона е еден од најдобрите поединци на Јувентус, па Аргентинецот сега доби пофалби од еден од најголемите играчи во историјата на „старата дама“, Алесандро Дел Пиеро.

Иконата на Јувентус и италијанскиот фудбал смета дека токму оваа година може да биде година на Дибала кој на грбот во дресот на Јуве ја носи неговата легендарна „десетка“.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Дибала е фантастичен фудбалер секоја година е се подобар. На стартот на оваа сезона покажа за каков фудбалер се работи, потоа следуваше повредата, но со голот против Тотенхем, но и оној против Лацио во Рим докажа дека се врати во вистински момент за Јувентус. Тој е фудбалер кој поседува голем талент, забележувам дека расте со секоја минута помината на теренот. Можеби токму оваа година е негова“, изјави Дел Пиеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кристијано Роналдо: Јас припаѓам на Саудиска Арабија

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се врати на настапите за Ал Наср по тензии со ра…