Дома Топ вести Големиот талент на Барселона е бесен и сака да си оди

Големиот талент на Барселона е бесен и сака да си оди

Барселона синоќа беше поразена од Баерн Минхен со 3:0 на „Камп Ноу“ и беше елиминирана од Лигата на шампиони.

Играчите се разочарани од елиминацијата, а некои од нив имаат и други причини да не бидат среќни на „Камп Ноу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најголемите таленти во клубот, Ансу Фати е разочаран бидејќи добива мала минутажа оваа сезона и само 3 пати се најде во стартниот состав.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Фати го информирал својот агент Жорге Мендеш да почне да му бара нов клуб и дека на лето сака да ја промени средината.

Во Барселона се спокојни бидејќи Фати неодамна го продолжи договорот до 2027 година и има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…