Дома Трансфер зона Голема „чистка“ во Баерн: Можат да заминат десет фудбалери!

Голема „чистка“ во Баерн: Можат да заминат десет фудбалери!

Баерн Минхен зад себе има една од послабите сезони во последните години, па затоа се најавуваат промени во Минхен.

Титулата Баерн ја освои само поради киксот од Борусија Дортмунд во последното коло против Мајнц. Веднаш по завршувањето на сезоната откази добија извршниот директор Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес клубот го претстави и првото засилување ова лето (ТУКА), а до почетокот на следната сезона очигледно ќе има големи промени.

Според последните информации клубот може да го напуштат десет фудбалери. Жоан Кансело сигурно нема да остане, тој од позајмицата се враќа во Сити. Лукас Хернандез е на мета на ПСЖ и се поизвесно е дека ќе се врати во татковината.

Лерој Сане и Садио Мане учествуваа во инцидентот во кој Мане го удри Сане, па и нивната иднина е под знак прашалник.

Освен нив четворица на листата „отпишани“ се: Горецка, Сабицер, Серж Гнабри, Павар, а се најавува и промена на голманите Нубел и Сомер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер плаќа 20 милиони евра за голманот кој одлично ги замени Алисон и Едерсон?

Бразилскиот голман Бенто (24) доби шанса да брани за репрезентацијата на неодамнешните при…