Дома Фудбал Останато Големата ѕвезда му постави ултиматум на Зидан: Или ова или си заминувам!

Големата ѕвезда му постави ултиматум на Зидан: Или ова или си заминувам!

Иско е на излезни врати од Реал и тоа повеќе не е тајна.

Шпанскиот играч е незадоволен од третманот кој го има под Зинедин Зидан и сака да биде стандарден првотимец. Тоа очигледно не му успева во Мадрид, а во јануари силно за неговите услуги загриза Ливерпул. Јирген Клоп го гледаше како идеална замена за Филипе Кутињо, кој се пресели на „Камп Ноу“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, до трансфер не дојде, а „Don Balon“ тврди дека одличниот играч е во лоши односи со Зинедин Зидан. И се е поверојатно дека неговата следната дестинација ќе биде Премиер лигата, но не и „Енфилд“. Имено, Пеп Гвардиола и Манчестер Сити сакаат да го ангажираат ова лето. Поранешниот стратег на Барса и Баерн така конечно би ја остварил големата желба – да се соработува со Иско.

Иско без сомнеж е еден од најталентираните играчи во светот, има одлична контрола на топката, пас и дриблинг, тој е комплетна осмица. Меѓутоа, одличниот играч оваа сезона е често на клупата, бидејќи Зидан верува на своето трио во средниот ред – Касемиро, Крос, Модриќ и не престануваат гласините за тоа дека Шпанецот е незадоволен од својот статус со актуелниот шампион на Шпанија и Европа.

Шпанскиот портал „Don Balon“ пренесува дека Иско го открил единствениот услов според кој следната година ќе игра во белиот дрес. Наводно, сака не само обезбеден статус на стартер, туку и Зидан да го промовира во еден од лидерите на тимот, заедно со капитенот Серхио Рамос. Дали Зидан ќе сака да попушти, останува да видиме. Но, ова би било навистина многу тешко…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…