Австралиецот Даниел Рикардо, возачот на Ред Бул ја однесе победата во денешната трка за Големата награда на Кина.
Од првата позицијата на трката тргна Себастијан Фетел од Ферари, а друштво во првиот ред му правеше неговиот тимски колега Кими Раикоонен, но ниту еден од нив двајца не успеа на најдобар начин да ја искористи својата стартна позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веднаш на стартот Раиконен беше поминат од Ботас и Верстапен, а Фетел ја изгуби лидерската позиција и падна на третата после првото застанување во пит-стопот. На половина на трката Ботас ја превзема лидерската позиција, Фетел беше втор, Верстапен трет, а Хамилтон четврт.
Во 39 круг Верстапен направи голема грешка, го удри Хамитлон во кривината број седум, на крајот падна на петото место. Во 43 круг Фетел падна од првото на третото место, а во продолжение падна уште неколку позиции.
Даниел Рикардо првата позиција ја држеше во последните два круга зад себе ги имаше Ботас, Раиконен, Верстапен и Хамилтон.
На крајот Рикардо стигна до првата победа во 2018 година, шеста во кариерата. Следуваа Ботас кој беше константен но не доволно за првото место, трет заврши Раиконен, Луис Хамилтон четврт, а на патото место беше Макс Верстапен од Ред Бул. Алосон во завршницата го помина Фетел кој на оваа трка изгуби важни бодови.