Дома Видео Голден стејт и Стеф Кари одат на одмор, Мемфис е во плеј-офот

Голден стејт и Стеф Кари одат на одмор, Мемфис е во плеј-офот

Мемфис е последниот патник во плеј-офот откако по продолжение го совлада Голден стејт со 117:112. 

Голден стејт беше сериозен фаворит против Мемфис, Стеф Кари имаше уште една одлична партија, но мисијата за влез во плеј-офот беше неуспешна. 

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Мемфис водеше во најголемиот дел од натпреварот, во втората четвртина дојдоа и до највисоки 17 поени разлика, но во финишот Голден стејт успеа да изедначи на 99:99 и да го однесе натпреварот во продолженија.

Сепак во нив Мемфис беше подобар и на крајот славеше со 117:112. Стеф Кари беше најдобар на теренот со 39 поени, Вигинс имаше одлична партија со 22 поени и 10 скокови, кај Мемфис Морант реализираше 35 поени. Мемфис во плеј-офот ќе игра против Јута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Кој ќе биде тренер на Денвер од следната сезона?

Тренерот на кошаркарите на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, изјави дека не е сигурен дали ќе…