Патрик Ван Анхолт испрати јавно извинување до Стоук и навивачите на овој клуб.
Кристал Палас денес успеа да слави во натпреварот против Стоук со 1:2, а овој пораз за домаќинот значеше и елиминација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стрелец на победничкиот гол за Палас беше Патрик Ван Анхолт.
„Нормално, сакам да ги славам головите, но овој пат сакам да испратам извинување до Стоук и нивните навивачи. Би сакал мојот гол да не ве исфрлеше во понизок ранг, но верувам дека брзо ќе се вратите! Стоук е голем клуб со одлични навивачи“, напиша Ван Анхолт на својот Твитер профил.
Можеби после ова помисливте дека Ван Анхолт во својата кариера го носеше дресот на Стоук, но не тој беше дел од Челзи, Ковентри, Њукасл, Лестер, Виган, Витесе и Сандерленд.