Лјапциг игра фантастична сезона, но на лето веројатно ќе остане без неколку ѕвезди. Најсилен интерес европските гиганти покажуваат кон Дајот Упамекано и на лето се очекува голема борба за неговиот потпис.
Покрај Тимо Вернер, еден од најбараните фудбалер во Европа е секако Упамекано. Овој 21-годишен дефанзивец важи за еден од најперспективните во Европа и интересот за него е огромен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговиот потпис на лето ќе се борат Арсенал, Барселона, Баерн Минхен, Милан и Манчестер Јунајтед, а неговата цена изнесува 60 милиони евра.
Германските медиуми тврдат дека младиот Французин веќе побарал трансфер и сака на лето да ја промени средината.
Неговиот договор истекува во 2021 година, па ова лето е последна шанса Лајпциг да заработи на неговото заминување и се очекува голема борба за неговиот потпис.