Дома Фудбал Останато Гетафе одбива да патува во Милано: Нека не исфрлат од Европа Лигата

Гетафе одбива да патува во Милано: Нека не исфрлат од Европа Лигата

Епидемијата на коронавирус создава многу проблеми во националните првенства, а сега почнува да претставува сериозен проблем и за УЕФА.

Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа меѓу Интер и Гетафе е закажан за во четврток, но тој натпревар е под ризик бидејќи доаѓањето на гостинскиот тим е под знак прашалник.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Претседателот на мадридскиот клуб, Ангел Торес, јасно стави до знаење дека Гетафе нема да патува во Милано и да е елиминиран од натпреварувањето.

„Баравме алтернатива. Не сакаме да одиме таму каде што е епицентар на коронавирусот. Нема потреба. Исто така побаравме помош од ФС Шпанија за одложување на натпреварот“, изјави Торес.

„Ако треба да бидеме исфрлени, ќе бидеме. Јас нема да бидам тој што ќе го преземам ризикот. Ако треба да биде така, нека биде. УЕФА ни рече дека бараме посебна дозвола од владата, јас нема да го направам тоа, ќе се придржувам кон законот во мојата земја”, додаде претседателот на Гетафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона избира: Рашфорд или дијамант од Лига 1!

Фудбалскиот клуб Барселона веќе интензивно размислува за следното лето и потезите кои би т…