Дома Фудбал Останато Германската фудбалска легенда заработува 200 милиони евра годишно од продавање донер

Германската фудбалска легенда заработува 200 милиони евра годишно од продавање донер

Легендарниот германски фудбалер, Лукас Подолски беше успешен спортист, а сега се покажа и како успешен претрпиемач. Во овој момент тој е фудбалер на полскиот Горник, но исто така работи и на бизнисот.

Отвори Подолски спортски центар, фабрика за сладолед, започна музички фестивал, меѓутоа како најуспешен проект му се покажа ланецот за донер ресторани.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Подолски бил инспириран од она шт ого видел во Истанбул додека настапуваше за Галатасарај и го отворил својот прв ресторан „Мангал донер“ пред шест години, а од тој момент неговиот бизнис не престанува да бележи раст.

Денес Подолски иам околу 30 ресторани ширум Германија и годишно заработува околу 207 милиони евра.

Фалејќи ја својата работа го искритикува познатиот Мекдоналдс.

„Ако во Мекдоналдс нарачате нешто ќе платите колку и во моите ресторани…можеби и повеќе. Меѓутоа вашата храна ќе биде сра*е бидејќи и недостасува квалитет“, изјави Подолски.

Во кариерата Подолски собра 130 натпревари за репрезентацијата на Германија и постигна 49 голови. Настапи на четири европски првенстви и на три Мундијали. Најголемиот успех во кариерата му беше титулата светски шампион во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…