Англискиот шампион Манчестер Сити е блиску до договор со Атлетико Мадрид за трансфер на играчот за врска Саул Нигез, пренесува еминентниот „ЕСПН“.
Според медиумот менаџерот Пеп Гвардиола во Шпанецот гледа идеален наследник за Фернандињо, откако му пропадна обидот да го донесе Френки де Јонг од Ајакс, кој заврши во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
24-годишниот Саул е еден од најдобрите играчи за врска во Примера и „јорганџиите“ се надеваат дека од неговата продажба ќе инкасираат 120 милиони евра, но „ЕСПН“ тврди дека се спремни да се разделат со играчот за понуда од 80 милиони евра.
Барселона веќе подолго време покажува интерес за Саул и сака да го донесе на „Камп Ноу“, но Манчестер Сити успеа да ја победи конкуренцијата и е пред реализација на трансферот.
Manchester City are edging closer to signing Atlético Madrid midfielder Saúl Ñíguez as they line up the Spaniard as Fernandinho's long-term replacement. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/k6WhDq69Xk
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 21, 2019
https://youtu.be/zSyW0RtjHZ8