Пеп Гвардиола синоќа пред шпанските медиуми зборуваше за евентуалното враќање на Лионел Меси во Барселона.
Гвардиола додатно ги подгреа шпекулациите и изјави дека е сигурен дека Меси ќе направи се за да се врати во Барселона и заслужува достојно да се збогува со каталонскиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сигурен сум дека Меси ќе направи се за да се врати во Барселона. Исто така, сигурен сум дека Лапорта ќе направи се, исто како и Меси, и се надевам дека ќе се збогува како што сака и заслужува“.
„Тој е најголемиот фудбалер на сите врмиња. Тоа што го оствари Барселона во тие десет или дванаесет години немаше да биде возможно беез него. Не зборувам за броеви, туку за влијанието во играта, естетиката, убавината, ефективноста. Се надевам дека ќе го добие збогувањето што го посакува и заслужува“, изјави Гвардиола.