Шпанскиот репрезентативец Дани Себаљос е најновата желба на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
Себаљос оваа сезона ја помина на позајмица во Арсенал и покажа добри партии во Премиер лигата, па Гвардиола смета дека би бил идеална замена за Давид Силва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Топџиите“ сакаат да го откупат договорот на Себаљос за 30 милиони евра од Реал Мадрид, но „граѓаните“ се спремни да понудат повеќе.
Имено, Реал го цени својот играч на 40 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за Гвардиола.
Притоа, самиот фудбалер преферира преселба на „Етихад“ каде ќе може да игра во Лигата на шампиони и да се бори за најпрестижните трофеи.