Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека клубот веќе ја започнал потрагата по наследник на Серхио Агуеро.
Договорот на Аргентинецот истекува во 2021 година и нема да биде изненадување ако тој уште ова лето го напушти Манчестер Сити, а на „Етихад“ да пристигне нов напаѓач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Потрагата на напаѓач е многу специфичен процес. Не е лесно да најдеш добар напаѓач бидејќи сите големи клубови бараат, а тие кои имаат не ги даваат. Кога Серхио е здрав, тој може да прави се на теренот. Во клубот имаме одлична скаутинг служба, која често разговара со мене и ми покажува видео материјали на напаѓачи од различни држави. Имаме доволно време за да најдеме напаѓач кој ќе може да го наследи Серхио“, потврди Гвардиола.