Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го поздрави големиот ривал Ливерпул за одличната сезона и веќе му ја честиташе титулата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Премиер лигата заврши, Ливерпул ја заслужи титулата. После толку одиграни кола имаат толкава предност затоа што заслужуваат. Би сакал да бевме поблиску до Ливерпул на табелата. Сега ќе се бориме да завршиме втори. Ни остануваат ФА Купот и Лигата на шампиони“, изјави Гвардиола.
„Граѓаните“ утре ќе играат против Шефилд Јунајтед во ФА Купот, а ова натпреварување е важно за Сити.
„ФА Купот е многу важен турнир и треба да бидеме сконцентрирани во нашите настапи. Најважен трофеј за овој клуб беше титулата со Манчини, бидејќи таа го промени менталитетот на клубот“, заклучи Гвардиола.