Дома Фудбал Англија Гвардиола посочи каде се проблемите во неговиот тим

Гвардиола посочи каде се проблемите во неговиот тим

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде свое објаснување за проблемите на неговиот тим во Премиер лигата оваа сезона.

Викендов „граѓаните“ одиграа реми со Њукасл и сега се на 3-та позиција на табелата и заостануваат цели 11 бода зад лидерот Ливерпул.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според Гвардиола главниот проблем е што неговите играчи не можат да ги реализираат создадените шанси за гол, а каталонскиот стратег тврди дека таа тенденција започнала уште минатата сезона кога „граѓаните“ постигнаа 95 гола.

„Имавме 24 удари против Њукасл, иако не сите беа во голот. Во три или четири ситуации моите играчи излегуваа сами пред голманот. Противниците пак имаа два удари и постигнаа два гола. Неверојатна статистика. Се обидуваме да постигнуваме повеќе голови, а да им дозволуваме помалку удари на противниците“, истакна Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Лихт е херој на „ѓаволите“ – погоди во 96. минута за реми против Тотнем (Видео)

Возбудлива завршница во Лондон – Манчестер јунајтед извлече бод против Тотнем благодарение…