Шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е познат како човек кој не страда од големите имиња и кој ги „ослободува“ големите ѕвезди, бидејќи не се вклопуваат во системот на игра.
Вистински пример за играчи кои не се вклопуваат во неговиот систем и поради тоа мораа да си заминат од клубовите се Златан Ибрахимовиќ, Марио Манџукиќ и Џо Харт, а овде можеме да го напишеме и Тиери Анри, кој во Барса своевремено седеше на клупата отколку што играше во времето на Пеп Гвардиола.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Уште еден од оние кои би можеле да си заминат поради Гвардиола е Агуеро. Аргентинецот се смета за еден од најдобрите играчи на Сити, а Гвардиола често го остава на клупа, што на играчот тоа не му се допаѓа. Англиските медиуми пренесуваат дека Агуеро не е среќен поради односот на Гвардиола спрема него и дека има намера да си замине од клубот.
Потсетуваме, и минатата сезона се шпекулираше дека Агуеро е на излезни врати, но со оглед на тоа што работите се променија, веројатно дека Аргентинецот би требало на лето да си замине. Одличниот напаѓач оваа сезона одигра 13 натпревари во Премиер лигата и постигна 10 гола со три асистенции.