Веќе некоку години големите тренерски имиња кои работат во Премиер лигата го „притискаат“ Англискиот фудбалски сојуз да го укине овој убиствен празничен ритам.
Манчестер Сити во неделата испушти два бода против Кристал Палас, па веќе во вторникот играше против Ватфорд и остана без повредениот Вокер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сите гледаат колку повреди има во последната недела, па ќе ги убиеме играчите! Раководството во сојузот мора нешто да превземе, не е нормално да се игра на 31 декември и на 2 јануари“, изјаво Пеп.
„Знам дека ова е шоу, но тоа мора да биде контролирано. Играчите воопшто не се заштитени, а публиката доаѓа да ги гледа нив, не тренерите. Потребен ни е поголем одмор помеѓу натпреварите. Не велам дека треба да се уништи традицијата на Боксинг Деј, но не можеш да играш на 31 декември, а следниот меч да ти биде на 2 јануари. Ова не е кошаркат или тенис, играчите имаат потреба од време за да се опорават“, заклучи каталонскиот стратег.