Дома Фудбал Англија Гвардиола: Ништо не е решено, Арсенал нема да се откаже

Гвардиола: Ништо не е решено, Арсенал нема да се откаже

После големата победа на Арсенал (4:1), Пеп Гвардиола ги предупреди играчите дека трката за титулата се уште не е решена.

Сити сега има само два бода помалку од Арсенал, но и два меча помалку, па сега се е во рацете на „граѓаните“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не е готова трката за титулата. Има уште седум меча за играње, а тоа не е малку. Се сеќавам што се случи есеноска после победата над Арсенал, на следниот меч одигравме нерешено со Нотингем Форест. Сега треба да играме против Фулам кој е неверојатен тим“.

„Го познавам Микел Артета, сигурен сум дека Арсенал нема да се откаже и да се предаде. Да имавме 10 бода предност ќе кажев дека е готово, но ние имаме негатива од два бода. Ако сезоната заврши денеска, Арсенал ќе биде шампион. Титулата во Премиер лигата ни е подеднакво важна како таа во Лигата на шампионите, не даваме приоритет на ниту едно натпреварување“,  изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…