Манчестер Сити вечерва на „Британија“ стадионот му гостува на Стоук, а Пеп Гвардиола не крие дека понеделник не е негов омилен ден.
Пред гостувањето на Стоук, Гвардиола изјави дека не сака да игра во понеделник, бидејќи како што кажа тој луѓето немаат страст за фудбалот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не сакам кога играме во понеделник бидејќи луѓето се засистени од фудбалот во текот на викендите. Кога викендот ќе заврши повеќе никој го нема истото чуство. Имам лоши искуства од натпреварите кога моите тимови играа во понеделник“, изјави Гвардиола, а потоа го прокоментира денешниот противник.
„Мораме да останеме фокусирани бидејќи Стоук е комплициран тим“.
Стоук пет натпревари е без победа и се наоѓа во опасната зона, додека Сити е на чекор од нова титула и сега има 13 бодови предност во однос на градскиот ривал Манчестер Јунајтед.