Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола одби да ги коментира информациите дека „граѓаните“ ова лето беа блиску до привлекување на Лео Меси.
Како што е познато Меси побара да си замине од Барселона, а медиумите тврдеа дека веќе има договор со Манчестер Сити. На крајот Аргентинецот не успеа да го раскине договорот со Барса и остана на „Камп Ноу“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дали Меси беше блиску до Сити? Не мислам дека има потреба да објаснувам за тоа што и како било. Лео одлично ги кажа своите мисли и чувства. Јас немам што да додадам. Тој е играч на Барселона, јас не сакам да зборувам за намерите на други луѓе“, изјави Гвардиола.
Каталонскиот стратег потоа го коментираше трансферот на Тиаго Алкантара во Ливерпул.
„Ние не покажавме интерес бидејќи имаме доволно играчи на таа позиција. Среќен сум што Тиаго доаѓа во Англија, бидејќи овде ќе почувствува еден поинаков фудбал“, заклучи Пеп.