Oткако почна да се зборува за тоа дека Ерик Гарсија ќе го напушти Манчестер Сити се огласи тренерот Пеп Гвардиола.
Имено, Гарсија би требало до крајот на месецот да премине во Барселона, а на таа тема сега зборуваше и Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се надевам дека нема да дојде до тоа, но можеби луѓето од Барселона знаат нешто повеќе од мене. Не знам дали навистина нешто се случува, но не можам да ви кажам дека нема да замине“, призна Гвардиола.
Младиот играч не се наигра премногу во Манчестер Сити и влезе во последната година од договорот, па поради тоа наводно сака да си замине.