Дома Фудбал Англија Гвардиола: Де Брујне ја заслужува Златната топка

Гвардиола: Де Брујне ја заслужува Златната топка

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека Кевин Де Брујне е зрел за освојување на Златната топка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сити продолжува да доминира во Премиер лигата и  се поблиску е до титулата, особено што Јунајтед синоќа беше поразен во Њукасл со 1:0.

Еден од клучните играчи на Сити, Де Брујне, е рекордер по број на асистенции. 26. годишниот крилен фудбалер даде 11 погодоци и запиша 18 асистенции во сите натпреварувања во оваа сезона.

„Не е само во овој натпревар, тој во целата сезона игра одлично и тешко е да се најде некој подобар моментално во Европа. Но, доколку сакате да ја освоите Златната топка мора да освоите тиули, посебно Лига на шампиони. Доколку тоа не успеете, тешко дека ќе бидете номинирани за оваа награда.“ – изјави Пеп.

Од моментот кога во 2012. дебитираше во Вердер, Де Брујне забележа дури 77 асистенции, повеќе и од Лео Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Maнчестер сити купи нов голман!

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити денеска објави дека склучил договор со голманот Пирс Чарлс…