Според пишувањата на медиумите во Шпанија менаџерот на Манчестер Сити пред некое престојувал во Барселона каде што разговарал со Лионел Меси.
Пеп и неговиот Сити се сметаат за главни кандидати за доведување на Меси откако Аргентинецот после 20 години одлучи да ја напушти Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа многумина беа убедени дека Пеп во Барселона разговарал со Меси да дојде кај него во Манчестер.
Меѓутоа сега се објавени нови детали од наводната нивна средба кои звучат изненадувачки. Според најновите информации на медиумите Гвардиола побарал од Меси да остане во Барселона.
Сепак, тешко е да се поверува во вакво нешто. Како и да е останува да видиме што наредниот период ќе донесе. Меси стави до знаење дека сака да замине со тоа што не се појавува на тренинзите на Барселона.