Дома Фудбал Останато Гвардиола го помина Луческу, но Фергусон се уште е осамен на врвот

Гвардиола го помина Луческу, но Фергусон се уште е осамен на врвот

Манчестер сити беше подобар од Севиља во УЕФА Суперкупот и така Пеп Гвардиола (52) стигна до 36 трофеј во неговата тренерска кариера.

По овој успех, шпанскиот менаџер го надмина Романецот Мирчеа Луческу (78) кој освои 35 трофеи. Останува да се види дали Гвардиола ќе биде и рекордер, пред него е само прославениот шкотски тренер Алекс Фергусон (81) со 49 титули.

За „граѓаните“, актуелните европски шампиони, ова беше само прва титула во УЕФА Суперкупот, а дури четврта за Гвардиола, двапати со Барселона и по еднаш со Баерн Минхен и Манчестер сити.

Толку има и Италијанецот Карло Анчелоти кој по двапати го освојуваше европскиот Суперкуп со Милан и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем вложи скоро 400 милиони евра, а на репрезентативната пауза заминува како последен во Премиер лигата

Тотенхем минатата сезона едвај избегна испаѓање од Премиер лигата бидејќи во последниот на…