Манчестер Сити сериозно се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат шпанските медиуми.
Барселона е во финансиски проблеми, па е спремна да го продаде 24-годишниот плејмејкер ова лето доколку пристигне понуда од 75 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како фаворит за неговиот потпис важеше Манчестер Јунајтед, бидејќи Де Јонг е најголема желба на Тен Хаг.
Меѓутоа, сега Манчестер Сити се вклучи во трката и сака да го „укаре“ играчот пред носот на Јунајтед, па „граѓаните“ се спремни да и понудат трампа на Барселона.
Имено, Бернардо Силва е голема желба на Барселона, а и самиот Португалец е отворен за преселба на „Камп Ноу“, па поради тоа двата клуба можат да договорат спектакуларна трампа.
🚨 BREAKING: Manchester City have entered the race to sign Frenkie De Jong. Barcelona’s interest in Bernardo Silva could help facilitate an agreement between the two clubs.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 6, 2022
(Source: @ffpolo) pic.twitter.com/VUYh3icRkG