Дома Фудбал Англија Гвардиола ги „казнил“ фудбалерите: На Бадник наместо со семејствата, да вежбаат корнери!

Гвардиола ги „казнил“ фудбалерите: На Бадник наместо со семејствата, да вежбаат корнери!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола закажал тренинг на 24-ти декември и на тој начин ги спречил фудбалерите да го празнуваат Бадник со семејствата.

Меѓу најразочараните бил Габриел Жесус кој сакал да го помине празникот со семејството. Мотивот на празничкиот тренинг била желбата на Гвардиола да се вежба изведување на корнери.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првичниот план не предвидувал тренинг на 24-ти декември, меѓутоа Гвардиола решил да закаже тренинг и на Бадник.

„Ќе тренираме еден ден повеќе за да вежбаме нешто што не го правиме правилно“, бил аргументот на тренерот.

Ваквата одлука предизвикала контраефект, бидејќи повеќето фудбалери биле разочарани што не се со семејствата.

Можеби тоа и беше главта причина за поразот на Боксинг деј…?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кошмарот за Реал продолжува: УЕФА забрани настапи на еден од клучните играчи против Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во двомечот од плеј-офот на Лигата на шампионите, но на…