Дома Трансфер зона Гвардиола веќе најде замена за Бернардо Силва

Гвардиола веќе најде замена за Бернардо Силва

Манчестер Сити е заинтересиран за плејмејкерот на Лион и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета, пренесува „Екип“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


24-годишниот плејмејкер игра фантастично во дресот на Лион и е стандарден бразилски репрезентативец, па сака да направи чекор напред во кариерата.

Лион е спремен да го продаде и за неговата слобода бара 50 милиони евра, а најсилен интерес до сега покажуваше Арсенал.

Меѓутоа, Гвардиола во Пакета гледа идеална замена за Бернардо Силва и сака да го ангажира доколку Португалецот го напушти „Етихад“.

Бернардо Силва уште минатото лето сакаше да ја промени средината и наводно сега инсистира да направи трансфер, а Гвардиола најпрво сака да донесе адекватна замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…